-->
-->
Тежок пораз на Реал на Палма де Мајорка
-->
Згуснатиот распоред и повредите на дел од фудбалерите го чинеа Реал Мадрид незгоден пораз на гостувањето на Палма де Мајорка со што шампионот загуби голем чекор кон одбраната на титулата.
Домашните играа борбено и со автоголот на Начо Фернандез обезбедија минимална победа од 1-0 против големиот фаворит.
Се очекуваше гостите до крајот на мечот да го избегнат поразот но без Бензема не успеаја да дојдат до погодок иако добија и подарок пенал кој го изведе Асенсио во 57-та минута но српскиот голман Рајковиќ го одбрани неговиот удар.
По овој резултат се отвори можност Барселона која вечерва игра со Севиља да ја зголеми предноста на 8 бода пред лутиот ривал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството