-->
-->
Тежок инцидент во Куманово, избегната катастрофа
-->
Утрово, околу 4 часот во Куманово се случи експлозија од пиротехничко средство, кое што засега непознат сторител го фрлил во близина на шахта на булеварот „Октомвриска револуција„ спроти спортската сала на просторот помеѓу пешачките патеки на кејот и патеката на самиот булевар, соопштија денеска од СВР Куманово. Нема повредени лица, причинета е материјална штета на шахтата сопственост на ЈП „Куманово-Гас„.
При увидот што го извршиле, увидна екипа на полицијата и стручни лица од одделот за антитеротизам од МВР и јавен обвинител од ОЈО Куманово, констатирано е дека ескплозијата настанала на приземниот дел на бетонската шахта од дистрибутивниот гасовод. Непознат сторител, фрлил пиротехничко средство во близина на шахтата и при испуштање на дозволена количина гас од шахтата дошло до експлозијата. Oд лице место подигнати се изгорени остатоци од пиротехничкото средство .Од Јавното обвинителство констатирале дека се работи за кривично дело - Предизвикување општа опасност.
СВР Куманово работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Влатко Стефановски сними нов албум во култното Abbey Road Studios во Лондон
-
Министерот Николоски на Форум во Солун за иднината на транспортот и инфраструктурата во Југоисточна Европа
-
Хезболах ја гаѓаше базата на израелската разузнавачка служба кај Тел Авив
-
Ветеринарна комора повикува на смиреност, ИЈЗ со препоракиза заштита по појавата на птичји грип
-
Состојба на патиштата
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко