-->
-->
Тежок инцидент во кафуле на „Партизанска“
-->
Вчера во 09.00 часот во ПС-Центар, Ж.М.К. (43) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 04.30 часот во локал на бул. „Партизански Одреди“ во Скопје физички бил нападнат од лицето М.К.
Напаѓачот дошол во локалот и без повод и причина почнал да го удира Ж.М.К. во пределот на главата, додека истиот седел со неговата девојка и негов другар. Ж.М.К. успеал да се затвори во тоалетот.
Кога излегол надвор по некое време забележал дека предното и задното вертобранско стакло и стаклата од десната страна на неговото патничко моторно возило „Мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, му се искршени. Исто така, бил набиен и предниот браник.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола