Тежок инцидент вечерва, повреден фудбалер на Борусија Д. во експлозија крај нивниот автобус

Еден фудбалер на Борусија Дортмунд е повреден вечерва при експлозија што се случила во непосредна близина на автобусот на овој германски фудбалски клуб, кој тргнувал кон стадионот „Вестфален“ каде тимот треба да ја одигра четвртфиналната средба во фудбалската Лига на шампионите против францускиот клуб Монако.
На налогот на социјалната мрежа Твитер, клубот го потврди инцидентот, додавајќи дека при експлозијата е повреден играчот Марк Бартра, кој е пренесен во болница.

- Нашиот автубус се се соочи со инцидент при поаѓањето кон стадионот. Едно лице е повредено. Следуваат повеќе информации, се вели во објавата на клубот.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, инцидентот се случил на 10 километри од стадионот во Дортмунд. Според клубот експлозивна направа била детонирана во непосредна близина на предниот дел од автобусот.
Непотврдени информации на локалните медиуми велат дека Бартра не е во критична состојба и дека почетокот на мечот е одложен, но нема потврда за откажување на натпреварот.

Ново на Сител
-

ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
-

Безбедносна конференција во Скопје
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
