Тевдовски: Резултати има, ќе направиме се растот на економијата да се интензивира
Министерот за финансии Драган Тевдовски изразува оптимизам дека растот на економијата ќе се движи. Вели дека има резултати и оти Владата ќе направи се тој да се интензивира.
- Ние направивме стабилизација на финансиската состојба, а потоа и да го оствариме она што посакуваме, раздвижување на економската состојба. Дури и индикторите покажуваат дека во индустријата, земјоделството има раздвижување, извозот е силен, и правиме вистински притисок во градежништвото, пред се, на нискоградбата каде е проблемот, рече Тевдовски одговорајќи на новинарски прашања по обраќање на Конференцијата во Скопје.
Од претходната власт, како што рече, оваа Влада наследила сериозни проблеми како проектни документации и разни други проблеми.
- Сите институции се посветени на решавање на овие проблеми, посочи министерот за финансии.
Тевдовски потенцира дека во изминатите години растот практично беше на база на оние инвестиции во споменици, врби, фасади и слично, нешто, како што рече, што не носи добро на еконоијата.
- Ние се решивме да не одиме по таков полесен пат, туку по потешкиот пат, да се зафатиме и да го работиме тоа што треба. Има резултати и се ќе направиме да се интензивира растот. Јас сум оптимист дека ќе го движиме растот и сега и во следниот период, рече министерот за финансии.
Тој појасни дека веќе има почеток на сериозни градежни активности и оти главниот проблем е автопатот Кичево-Охрид, за што во брзо време треба да бидат и таму интензивирани работите.
За тоа до кога ќе расте цената на нафатата истакна дека тоа се пазарни движења што не зависат од нас, туку од движењата на светските берзи.
Ново на Сител
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово