Тевдовски: Ликвидноста на буџетот одлична, немаме потреба од ребаланс
- Макроекономските показатели се одлични и позитивни, а и ликвидноста на буџетот е одлична и од тој аспект нема потреба од ребаланс на буџетот, оцени министерот за финансии Драган Тевдовски, укажувајќи дека анализи секако се прават и доколку се смета дека треба да направат некои корекции тоа ќе биде соопштено.
- Сите макроекономски индикатори се одлични и се позитивни и се движат во позитивна насока. Индустриското производство објавено минатата недела покажа раст од осум проценти во однос на јули лани, а за седумте месеци од оваа година раст од 5,6 проценти, што покажува дека во 2018 година индустријата сериозно почнува да расте во однос на состојбата во 2017 година. Исто така, извозот е силен и е повисок од 10 проценти по различни месеци, некаде и повисок. Кредитирањето е силно, инфлацијата е целосно под контрола. Потоа кај даноците, кои се најдобриот индикатор дали економските субјекти ја движат економијата и работат, има одлична наплата и сериозно зголемување, согласно проекциите, а некаде и повисоки. Сето тоа укажува дека ликвидноста на буџетот е одлична и веројатно првпат по многу години имаме одлична ликвидност на буџетот и можеме да реализираме се, односно не постои ништо што чека во трезорот на МФ, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска одговорајќи на новинарски прашања по потпишување на договори со општините во рамки на проект со Светска банка.
При тоа додаде дека од тој аспект немаме потреба од ребаланс, но, како што посочи, секако правиме анализи и ако сметаме дека треба да се направат некои корекции тогаш ќе излеземе и ќе соопштиме
Ново на Сител
-
Обид за убиство Струга, едното лице го бодело оштетениот со нож во стомак и врат, другото лице довикувало да го „доврши“
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 314 за брзо возење
-
Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума
-
Премиерот Мицкоски на поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија во Скопје
-
ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола
-
Првиот клуб на починатиот фудбалер Жота ќе користи дрес со неговиот лик
-
Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер
-
Без струја дел од општина Карпош