Тетово: Полицијата казни 266 возачи, 17 од нив возеле над 70 км повеќе од дозволеното
На 08.12.2022 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на тетовско-гостиварското подрачје, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. При контролата биле откриени и законски санкционирани вкупно 154 возачи (ТЕ-91 и ГВ-63) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место.
Од нив, 17 возачи (ТЕ-10 и ГВ-7) ја пречекориле брзината за над 70 километри на час, 72 возачи (ТЕ-52 и ГВ-20) до 70 километри на час и така натаму. Покрај ова, во контролата санкционирани се и 112 возачи (ТЕ-79 и ГВ-33) кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, како и 33 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-19).
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 20 до 400 евра во денарска противвредност. За прекршителите кои пречекориле повеќе од 30, односно од 50 километри на час, ќе следува и заштитна мерка времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.
Ново на Сител
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот
-
Ден на Републиката
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис