Тетово: Пациентка почина од Ковид-19 кој го добила во болница откако одбиле да ја оперираат од тумор на мозокот

Пациентка од Тетово починала откако на неврохирургија одбиле да ја оперираат од тумор на мозокот. Починала од компликации од коронавирус, со кој се заразила во болницата, пишува Алфа.
Семејството вели дека две недели упорно се обидувале да стапат во контакт со болницата за да ја дознаат состојбата на пациентката. Но, единствениот повик што го добиле бил само кога им соопштиле дека е почината.
Синот Жарко Трајковски се сомнева дека таа не добила соодветна грижа.
-Вртено е од повеќе броеви, многу пати, никој не се јавуваше, да ни каже како се третира жената,како е, што е.. она беше неподвижна, полусвесна, она не можеше сама да се храни, вода да пие..Немавме никаква информација.Јас ја однесов да се излечи, а не да добие уште една болест која за нејзе беше фатална, вели Трајковски,
Пациентката кон крајот на ноември била однесена во Скопје за да се оперира, но како што тврди семејството, лекарите ја одоговлекувале операцијата оти немало анестезиолог.
-Ние значи дознавме, е сега колку е вистина,дека немале анестезиолог.И еден од докторите кога разговаравме ни го потврди тоа, дека нема анестезија, вели Трајковски.
Семејството ќе бара правда и одговорност за случајот, бидејќи верува оти ако пациентката била оперирана на време немала да се зарази со коронавирусот во билница.
Ново на Сител
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
-

Автомобил излета од патот во виничко, возачот почина
-

Прегазен 80-годишен пешак во Дебар
-

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада
-

МОН: Честит 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-

Мицкоски: Владата функционира одлично, нема да има предвремени парламентарни избори
-

Сенегалски навивачи осудени на затворски казни за инцидентите на Африканскиот куп
