Тетово, Куманово, Битола и Скопје на листата најзагадени градови во светот
Тетово, Куманово, Битола и Скопје се најдоа на листата на најзагдени градови во светот за 2018 година, според анализата изработена од меѓународната невладина еколошка организација „Гринпис“ и „Ај Кју Еар Вижуел“, група со седиште во Швајцарија која глобално го следи аерозагадувањето.
На листата од 3.000 градови, од македонските градови Тетово е највисоко на 169 место, Куманово на 261, Битола на 280 и Скопје на 315 место.
Од регионот за најзагаден град е посочен Живинице во Босна и Херцеговина, кој се наоѓа на 102. позиција, а му прават друштво уште три босански градови: Грачаница на 137 место, Сараево 240 и Тузла 289 место.
Меѓу првите 500 најзагадени градови на листата, од Западен Балкан по аерозагаденоста се и Приштина на 373 место и Софија која е 422.
Според анализите, од вкупно 30 најзагадени градови во светот, во Индија се наоѓаат 22.
Мерењата на „Гринпис“ и „Ај Кју Еар Вижел“ покажале дека кај 64 проценти од 3.000 града на листата ги надминуваат препорачаните од Светската здравствена организација ограничувања за изложеност на ПМ 2,5 честичките на годишно ниво, што се поврзуваат со голем обем на здравствени проблеми кај луѓето.
Извештајот за аерозагадувањето во светот за 2018 година се базира на јавни податоци од извршен мониторинг како што се владини мрежи за мониторинг потврдени со мерењата извршени од мерни станици на „Еар Вижел“ со кои оперираат приватни лица или организации.
СЗО проценува дека глобално седум милиони луѓе годишно предвреме умираат како последица од изложеност на аерозагадувањето, а Светска банка пресметала дека тоа годишно ја чини светската економија загуба во работни часови од 225 милијарди долари.
Ново на Сител
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор
-
Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон
-
Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон
-
Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин
-
Построги казни, електронско санкционирање и ефективни контроли за градење сообраќајна култура и елиминирање на неказнивоста