Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска при посетата на кочанскиот крај ги посети и припадниците на Доброволното противпожарно друштво Кочани и Територијалната противпожарна единица Кочани.
Како што соопшти МВР, на средбата Топковски се запознал со предизвиците со кои се соочуваат припадниците на ДПД и на ТППЕ, но и сугестиите за унапредување на системот за справување со елемнетарни природни непогоди.
-Овие храбри луѓе, со огромна посветеност ги покриваат не само Кочани, туку и општините Зрновци и Чешиново-Облешево. Со 324 пожари само во 2024 година, нивната одговорност е огромна, а меѓусебната соработка меѓу ДПД и ТППЕ е на завидно ниво. Имав можност да ги видам нивните ресурси, да ги слушнам предизвиците со кои се соочуваат и да разговараме за тоа како да изградиме поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди, изјавил Тошковски.
Тој при тоа ја нагласил потребата од реформа на овој значаен систем кој е од витално значење за безбедноста на граѓаните.
-Јасно е дека се потребни сериозни системски реформи за да обезбедиме брза, ефикасна и координирана реакција во секоја кризна ситуација. Како министер ќе направам сè што е во моја моќ за да ги поддржиме овие храбри луѓе и заеднички да вложуваме во иднината на доброволните противпожарни друштва, потенцирал министерот Тошковски на средбата со припадниците на кочанското Доброволно противпожарно друштво и на Територијалната противпожарна единица.
Министерот Тошковски, воедно, изразил благодарност до сите пожарникари и доброволци за нивната пожртвувана работа која е од непроценливо значење за безбедноста на граѓаните, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија