Македонија
9. October 2025 - 13:50

Тетовец нападнал вработен во угостителски објект со остар предмет

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(34) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница’’.

На 21.07.2025 во угостителски објект во Тетово, пријавениот се обидел со остар предмет да нападне вработен во објектот.