Македонија
7. October 2018 - 11:05

Тетовец наместо преку граница заврши во затвор

Вчера во 09,45 часот на Граничен премин „Табановце“ на излез во РМ се пријавил Н.Н.(51) од село Желино, тетовско.

При извршена проверка во казнена евиденција констатирано е дека лицето е предмет на потрага за издржување казна затвор.

Лицето е предадено во СВР Куманово за понатамошно постапување, односно за спроведување до Казнено поправна установа Затвор Тетово.