Македонија
1. April 2025 - 13:23

Тетовчанка за 7.000 евра го уценувала својот вонбрачен партнер за да не го открие на неговата сопруга

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, соопшти МВР.

Пријавената, изминатите три години го уценувала поранешниот вонбрачен партнер, барајќи му 7.000 евра, заканувајќи се дека во спротивно ќе ја извести неговата сопруга за нивната врска и за детето кое наводно било негово.