Тест за коронавирус на аеродромот во Брисел ќе чини до 135 евра
Мобилна лабораторија за тестирање на коронавирус на аеродромот во Брисел ќе им понуди на патниците стандардни и експресни тестови за Ковид-19 по цена од 67 до над 100 евра.
Лабораторијата ќе понуди два вида ПЦР тестови – редовен тест за 67 евра и брз тест за 135 евра, се вели во соопштението за аеродромот.
Резултатите од брзиот тест ќе бидат готови во рок од три часа, додека за оние од стандардниот ќе мора да почека околу девет часа.
Патниците кои пристигнуваат од дестинации идентификувано од Белгија како ризични или црвени зониа, ќе имаат надомест за социјално осигурување од 46,81 евра, според „Брисел тајмс“.
Патниците што се враќаат од црвените зони можат да бидат тестирани веднаш штом пристигнат на аеродромот во Брисел. Патниците што заминуваат, исто така, ќе можат да бидат тестирани, а резултатите од брзото тестирање ќе бидат подготвени во рок од три часа, велат од аеродромот.
Мобилната лабораторија ќе биде достапна за сите патници кои се враќаат од црвените зони, за патниците што заминуваат и кои сакаат да бидат тестирани и за секој што добил QR-код за тестирање согласно постапката за следење контакти.
Само на патниците без симптоми на Ковид-19 ќе им биде дозволено да се тестираат во мобилната лабораторија.
Ново на Сител
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола
-
Детален список: Што поевтини, а кои производи поскапеа со есенската кошничка?
-
Платата во август повисока за 2 евра од јулската