Македонија
3. October 2016 - 13:17

Тешко повредено 12-годишно девојче од Куманово, паднало од прозорец од станот

Вчера во 10.50 часот во СВР-Куманово, лекар од Општа болница Куманово пријавил дека ден претходно околу 18.00 часот било донесено дванаесетгодишно девојче од Куманово, кое паднало од прозорец од трети кат од станот каде живее.

По укажаната помош девојчето веднаш било пренесено на Детска хирургија во Ургентен центар Скопје, каде и биле констатирани тешки телесни повреди (набиен граден кош и фрактура на десна нога).

Истата се наоѓа вон животна опасност. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.