Тешко повредени две лица во сообраќајка помеѓу товарно и патничко возило во Скопје
На 15.05.2021 во 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Александар Македонски“, ул.„Интернационални бригади“ и ул.„16. Македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес бенз“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(67) од с.Теранци, кочанско, и патничко возило „даихатсу сирион“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(77) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобиле сопатничките од патничкото возило, Ј.Д.(27) од Кавадарци и М.Д.(27) од Куманово. Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, се здобиле возачот Т.Д. и сопатничката од патничкото возило С.Т.(27) од Кавадарци.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена