Тешко повредени две лица од кочанската Брза помош и пациент во сообраќајка кај селото Крупиште
Возач, медицинска сестра и тешко болен пациент од коронавирусот од Кочани се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи во близина на селото Крупиште.
Со тешки скршеници се примени во штипската Клиничка болница, но портпаролот Марина Шуманска вели дека по прегледот и поради сериозноста на повредите веднаш се хоспитализирани на трауматологија во Клиничкиот центар во Скопје.
Сообраќајната несреќа се случила околу 9:30 часот на регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Крупиште. Според полицискиот увид, дошло до судир меѓу камион, кој работи на изградба на експресниот пат, и возилото на Итната медицинска помош од Кочани. При вадење на повредените од возилото на Брзата помош интервенирале и штипските пожарникари.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панојотова информира дека на оваа патна делница се случила и втора сообраќајна несреќа кај селото Уларци. Увидот е во тек, по што полицијата ќе информира за деталите околу несреќата, во која првично учествувале три возила.
Ново на Сител
-
ФБИ: ДНК пронајдена на местото на убиството на Кирк му припаѓа на осомничениот Робертсон
-
Со нетрпение чекам да ја поднесат резолуцијата за црвените линии со Бугарија, ќе имаме наши позиции, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Експертите ни говореа дека најмалку 7 дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, ние го изгасивме за помалку од 30 часа
-
Со одлука на министерот Изет Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак
-
Гиновска: Има надминување на дозволените вредности на гасовите во воздухот од пожарот во Трубарево, а за присуството на тешки метали ќе се знае во петок
-
ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
-
Двојно убиство и самоубиство попладнево во Велес
-
Победа на Андријано Димишковски во осминафиналето денес