-->
-->
Тешко повредени двајца малолетници во сообраќајка со мопеди
-->

На 05.10.2024 во 19.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Февруарски поход“ и сервисна улица која води кон паркинг простор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(36) од Скопје, мопед „априлија“, управуван од малолетник од Скопје и уште еден мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, исто така управуван од малолетник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата малолетници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
