Македонија
18. January 2022 - 11:07

Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа на регионален пат Струга-Дебар

Во текот на вчерашниот ден на регионалниот пат Струга-Дебар се случила сообраќајна несреќа во која со тешки телесни повреди се здобил возачот на едното од патничките возила учесници во несреќата.

На 17.01.2022 околу 13.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, со вевчански регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(41) од с.Вевчани, струшко и патничко возило „шкода“, со струшки регистарски ознаки, управувано од К.А.(49) од с.Велешта, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.А., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.