Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
Денеска кај Мечкин Камен, Крушево, се случија два одделни инцидента со параглајдеристи.
Во првиот случај, параглајдерист при индивидуален самостоен лет и при обид за приземјување се закачил на дрво високо околу пет метри и не може безбедно да биде спуштен на земја. Веднаш е извршена координација со Дирекцијата за заштита и спасување со цел упатување на соодветен специјализиран тим за спасување на локацијата.
Во вториот случај, во истата област, друг параглајдерист при лет паднал и здобил тешки телесни повреди, со обилно крварење и состојба на бесознание, потврдено од страна на лекарската екипа која е веќе присутна. Поради сериозноста на повредите, побаран е итен медицински транспорт со воздухоплов до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Центарот за управување со кризи, во координација со Министерството за внатрешни работи, побара хеликоптерот Бел 412, кој беше ангажиран на гаснење пожар во подрачјето Јасен, да биде веднаш преусмерен кон Мечкин Камен – Крушево. Хеликоптерот е во движење кон локацијата и се преземаат сите неопходни мерки за брза и безбедна интервенција.
Ново на Сител
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани