-->
-->
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-->
Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, откако излетал надвор од коловозот во кавадаречко, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Во ОВР-Кавадарци било пријавено дека околу 00:50 часот денеска на регионалниот пат село Мрежичко-Кавадарци, 23-годишен жител на кавадаречко село, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
-Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница - Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Кавадарци, појаснуваат од СВР - Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Националистички скандирања на Градски, Гаши вели „Навивачите покажаа достоинствен пример“
-
Димитриеска-Кочоска: Историски високи приходи во Буџетот за јули
-
Најмалку 20 мртви откако камион со храна се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа
-
Блумберг: Москва размислува за „воздушно примирје“ како опција
-
ОЈО бара притвор за дилер од Битола
-
ОН предупредува на „катастрофални последици“ ако Израел ја прошири воената операција во Газа
-
Во првата половина од годинава од земјава извезени стоки во вредност од 4,034 милијарди евра
-
ЕРТ: Граничниот премин Евзони за влез во Грција дневно го поминуваат околу 25.000 лица