Македонија
15. January 2024 - 12:14

Тешко повреден маж од Прилеп, со „бмв“ удрил во ограда на пат

Вчера во 09.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од булеварот „Гоце Делчев“ и улица „Прилепски бранители“ во Прилеп, патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Д.Ѓ. од Прилеп, удрило во ограда од патот, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.