Македонија
3. April 2023 - 12:37

Тешко повреден 19 годишник во сообраќајка помеѓу „голф“ и мопед во Сарај

На 02.04.2023 во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„20“ во с.Сарај, скопско, и локален пат за с.Глумово, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Р.П.(33) од с.Глумово и мопед „априлија“, управуван од А.А.(19) од с.Сарај, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.