-->
-->
Тешко извојувана победа на Вардар против Кристијанштад
-->
Македонскиот првак Вардар забележа тешко избојувана победа во дуелот со Кристијанштад во рамките од 12.коло на ракометната Лига на шампшиони.
На средбата одиграна попладнево во СЦ Јане Сандански, ракометарите на Вардар славеа со 38-36 полувреме 21-19.
Вардарци во периодот од 15-21.минута имаа и 6.гола предност на одмор заминаа само со +2.
Во вториот дел црвено-црните набрзина стигнаа до 5.гола предност, но шведскиот тим не се предаваше, па на 8-минути пред крајот стигна до израмнување 32-32.
Тоа како да ги разбуди вардаровите ракометари кои направија серија од 3:0 предност која тешко успеаја да ја сочуваат до крајот, но сепак да остварат победа со конечни 38-36.
Најефикасен во редовите на македонскиот шампион беше Лука Циндриќ со 8, додека Сергеј Горбок постигна 7 гола.
Денеска се игра и дуелот Киелце - Рајн-Некар во кој минимална победа 28-27 забележа полската екипа. Утре ќе играат преостанатите два натпревари меѓу Колдинг – Монпелје и Барселона – ПИК Сегед
Б група – табела:
1. Барселона 17 бодови,
2. Киелце 17,
3. Пик Сегед 15,
4. Рајн-Некар 15,
5. ВАРДАР 14,
6. Монпелје 7,
7. Кристијанштад 5 и
8. Колдинг 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Освен физичко обезбедување на Центрите, УПОЗ бара и обезбедување на социјалните работници на терен
-
5 години дел од НАТО – членството на Македонија донесе стабилност и оптимизам во регионот
-
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома