Тешки кражби во Тетово и Гостивар
Вкупно 560.000 денари вреден златен накит и пари се одземени од засега непознати сторители при две тешки кражби вчера во Тетово и Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Кражбата во Тетово била извршена во куќата на М.М.(47) на улицата Јордан Златаноски во периодот од 19 до 22:30 часот додека сопственикот со семејството бил на гости. Разбојниците ја отвориле дрвената балконска врата од кујната, ги пребарале собите на приземјето и катот, од комода одзеле две црвени кутии во кои имало разновиден златен накит, комлети, алки, прстени,..., паричник со скоро 300 евра, лична карта и здравстевна легитимација од сопругата на сопственикот по што избегале.
- Вкупната вредност на одземеното се проценува на околу 400.000 денари а полицијата по извршениот увид работи на расчистување на случајот рече Јосифовски.
Кражбата во Гостивар, според пријавата на И.М.(42) од Скопско, била извршена од неговото службено комбе меѓу 12 и 14:30 часот додека тој заедно со својот колега Р.И.(27) бил на молитва во верски објект на улицата Бањешница во Гостивар. Одземена била блуза во која имало дневен промет на фирмата во денари и девизи, околу 2.500 евра и мобилен телефон.
- Вкупната вредност на одземеното се проценува на околу 160.000 денари. Се работи на утврдување на идентитетот на сторителите и на начинот на кој е извршена кражбата, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково