Тешка сообраќајна несреќа - Автобус се заби во Југо, почина жена
Во сообраќајната несреќа што се случи пред околу еден час на патот Белољин - Блаце загина шеесет и две годишна жена, а нејзиниот сопруг, М. Р. (82) се здобил со потрес на мозокот, пренесува српски Курир.
Според првичните неофицијални податоци, М. Р. кој живее со својата сопруга во Белград со возило "Југо 45" се движеле од Белољин, кон Блаце. Тие во еден момент се судриле со автобус, но за сега не е познато како е предизвикана несреќата, а истрагата ќе се врши во текот на денот.
Тие во селото Белољин имаат куќа во која доаѓаат за време на летото. За сега, М. Р. се уште не знае дека неговата сопруга е почината а тој е префрлен со брза помош во Здравствен дом.
Настрадатана жена била на совозачкото седиште, и нејзиниот сопруг, кој бил за воланот се здобил со сериозни телесни повреди.
Инаку, автобусот на редовна линија Херцег Нови - Белград се движел од правец Блаце и се судрил со "Југото", кое доаѓа од спротивната насока. Телото на несреќната жена, која починала на самото место, од скршениот автомобил го извлекло тимот за вонредни ситуации во Прокупље.
Ново на Сител
-
Претседателот на Малдивите светски рекордер - држеше 14 часа 54 минути прес конференција
-
33-годишен мотоциклист загина во сообраќајка на патот Дебар - Струга
-
Лазаров оптимист пред дуелите со Естонија и Литванија
-
Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини
-
Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат
-
„Њујорк тајмс“: Украина добива нова американска помош – ракетен систем Патриот
-
Вчерашното убиство во Скопје било извршено пред 5-годишната ќерка на сопружниците
-
Кон средината на мај, Трамп во Ријад ќе се сретне со лидерите на земјите од Заливот