Тешка сообраќајка во Тетово - повредени шест лица
– Шест повредени лица и материјална штета од околу 200 илјади денари се последиците од сообраќајната несреќа во која учествувале четири возила што се случила синоќа околу 23 часот и 20 минути на улицата „Илинденска“ во Тетово, информираа од СВР Тетово.
Според полициските податоци, две од возилата биле во движење, а две биле паркирани. Се судриле „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици што без возачка дозвола го управувал Х.С.(24) од Мала Речица и „Пасат“ со гостиварски таблици управуван од Н.С.(35) од Гостивар, а потоа биле оштетени и две паркирани возила со тетовски таблици „Ландровер“ и „Рено твинго“.
Во несреќата, возачот на „Пасатот“ Х.С. и еден сопатник од истото возило, како и возачот на „Мерцедесот“ Н.С. и тројца негови сопатници задобиле телесни повреди и со медицинско и други возила биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош.
Полицијата извршила комплетен увид и работи на утврдување на причината за несреќата во која вкупната материјална штета првично се проценува на 200 илјади денари.а
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред