Тешка сообраќајка во Скопје: Се забил во бетонска жардињера, има повредени
Во 01 часот и 30 минути по полноќ, во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот “Илинден“ во близина на крстосницата на улица “Бледски договор“ патничко моторно возило “Сузуки Свифт“ со скопски регистерски ознаки управувано од 54-годишниот Д.С. од Скопје удрило во бетонска жардињера.
Од незгодата со повреди се здобиле возачот како и сопатниците В.Т.(46), Ј.Н.(49) и М.Б.(50) сите од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.
Кај возачот Д.С. и сопатничката В.Т. биле констатирани тешки телесни повреди и биле задржани за понатамошно лекување.
Кај сопатниците Ј.Н. и М.Б. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот.
Ново на Сител
-
Тешко повреден мотоциклист во судир со трактор во Струмица
-
Убиена е жена во Сараево: Уапсени се сопругот и свекорот
-
Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Струга
-
СДСМ утре избира нов лидер на партијата
-
Македонски државјанин возел 205 км на час во Австрија, одземени му се возачката дозвола и автомобилот
-
Активиран „Амберт алерт“ во Грција, киднапирано е девојче
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Трамп: Кај Бајден не се проблем годините, туку неговата способност