Тешка сообраќајка во Скопје помеѓу автомобил и два моторцикли - Повредени четири лица
Вчера во 16,45 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Радишанска“ и ул.„Боро Кралевски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.К.(28) од Скопје, моторцикл „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од Скопје и моторцикл „јонвеј“ со скопски регистарски ознаки управуван од 17 годишник од Скопје, информираат од МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата моторциклисти, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8-ми Септември“.
Со телесни повреди се здобил возачот Н.К. и уште една сопатничка од истото возило констатирани во Градската општа болница „Св Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка