Loading Video...
Македонија
20. јуни 2024 - 16:46

ФФМ бара казна за Албанија – На политиката не и е местото во фудбалот

Националистички испад на кој не му е местото во фудбалот. Вака Фудбалската федерација на Македонија го коментира вчерашниот инцидент кој го предизвика фудбалскиот репрезентативец на Албанија, Мирилинд Даку кој по ремито со Хрватска преку мегафон ја повикуваше публиката на стадионот во Хамбург да ги навредува Македонците

Во ФФМ велат дека се загржиени што политиката повторно се меша во фудбалот. 

„Ја изразуваме нашата длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлинд Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска - Албанија од Европското првенство. 

Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлинд Даку јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика. 

Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти.“ – се вели во реакцијата на Македонската Фудбалска федерација.  

Министерот за економија кој денеска и посака среќа на фудбалската репрезентација на Албанија не слушнал дека фудбалер ги повикува навивачите да ги навредуваат Македонците

Мирилинд Даку, фудбалер на руски Рубин Казан е роден во Косово, земја за која и настапуваше до пред помалку од 1 година кога доби албански пасош. Во Албанската фудбалска репрезентација нема некоја минутажа а вчера одигра само 5 минути на натпреварот против Хрватска што му беше доволно да упати навреди не само кон Македонците туку и кон Србите, за што експресно стигна реакција и од фудбалската федерација на северниот сосед од каде високи функционери најавија можност Србија и да се повлече од првенството доколку УЕФА не биде ригорозна кон Албанија.

Европската куќа на фудбалот веќе ја казни Федерацијата на Албанија за навивањето и однесувањето на навивачите на првиот меч против Италија. За палење на српски знамиња, пиротехника и непристојно навивање Албанија ќе треба да плати казна од 37.000 евра.