-->
-->
Тешка сообраќајка во Куманово, едно лице итно пренесено во Ургентен
-->
Тешка сообраќајна несреќа се случила во Куманово, едно лице е повредено. Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 13.00 часот на крстосницата од улица „Никшиќка“ и улица „Титова Митровачка“ во Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(47) од Прилеп и мопед „Баотиан“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(34) од Куманово.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
По укажаната помош тој бил задржан на лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР-Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР истражува дали е подметнат пожарот во куќата на Пандов
-
Камбовски: Оставки не носат реформи во судството
-
Судиите бараат да бидат вклучени во законски измени на правосудството
-
СДСМ: Наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови
-
Нови авио линии, поголем број на туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
Изгоре куќата на Александар Пандов – директорот на управата за извршување санкции смета дека е подметнат
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во дискотека во Кочани