Македонија
27. March 2018 - 16:12

Тешка сообраќајка попладнево на „Гологанов“ - итните екипи на терен

Сообраќајна несреќа во која учествувале мотоцикл и комбе се случила на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ пред четириесетина минути, објави Курир.

Од МВР ја потврдуваат несреќата која кај нив е пријавена во 14:50 часот и додаваат дека полицискиот увид е во тек, по што ќе бидат познати повеќе детали.

На лице место за итните екипи кои работат на расчистување на случајот. Сѐ уште не е познато дали има повредени ниту колкави се настанатите штети. Подоцна се очекуваат детали

Фотографија од сообраќајката погледнете тука.