Тешка сообраќајка несреќа во кавадаречко
Тешка сообраќајка несреќа се случила изминатава ноќ на патот Дреново - Кавадарци, информираше рано утрово на на својата Фејсбук страница, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Според статусот на социјалната мрежа, автомобил во кој се наоѓале татко и син, излетал 22 метри од патот. Случајот го пријавило детето кое има само осум години и кое и покрај повредите, успеало да се јави на 112 и да побара помош за себе и својот татко.
- Благодарение на пожарникарите во постојана комуникација со детето, колата е пронајдена, а двајцата со тешки повреди, од Општата болница Кавадарци се пренесени во Скопје. Браво за нашиот мал херој кој и покрај повредите, успеал да се јави и да побара помош. Со зборовите ,,гледам само темница, заглавен сум, се ме боли, а татко ми не дише’’. Се молиме за нив, напиша Јанчев.
Ново на Сител
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години
-
Приведен бегалец од затвор