Тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево, повредени две лица
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на патот Охрид- Кичево.
Според информациите на полицијата,на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Мешеишта и Требеништа, вчера во 19:35 часот дошло до судир помеѓу патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Б. (36) од Мешеишта и патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (41) од Скопје.
Од судирот со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „Опел Мерива“, С.М.(61) и А.М. (66).
Тие биле пренесени и задржани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „Опел Мерива“ А.Г.Г. (36) од Скопје, како и возачите на двете возила. По укажаната помош тие биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
Ново на Сител
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите