Тешка сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка, повредени се четири лица

Вчера во 15.55 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во атар на село Псача, општина Ранковце се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ман“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ф.П.(28) од с. Узем, кривопаланечко и патничко моторно возило „фолксваген “ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(24) од с.Ранковце, соопштуваат од МВР.
Во незгодата со повреди се здобил возачот на патничко моторно возило „фолксваген “ Д.А., и неговите сопатници В.М(50) од с. Крстов Дол. и Ж.С.(28) од с.Ранковце на кои им е укажана лекарска помош во Здравствен дом Крива Паланка, додека на сопатникот М.Ц.(59) од с.Петралица му биле констатирани тешки телесни повреди од доктор во Здравствен дом Крива Паланка.
Од страна на ОВР Крива Паланка е извршен увид на лице место.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
