Loading Video...
Фудбал
11. April 2022 - 12:07
Тешка победа на Барселона на гостувањето кај Леванте
Супер интересен и неизвесен натпревар во кој победникот беше решен во судиското дополнение одиграа Леванте и Барселона, а на победа со 3-2 се радуваа гостите. На тимот на Леванте, за кој настапува Енес Барди, малку му беа и три пенали, за да остане непоразен.
Леванте поведе со голот на Моралес од пенал во 52-та, а четири минути подоцна Тер Штеген го одбрани обидот од белата точка на Марти.
Тренерот на Барса, Чави во игра ги вметна Педри и Гави, кои придонесоа за пресвртот, па откако Обамејанг во 59-тата израмни 1-1, четири минути подоцна на асистенција на Гави прекрасно гол постигна Педри за 2-1 за Барса.
Возбудувањата тука не завршија.
Во 83-минута, Леванте доби и трет пенал, а Малеро беше прецизен за израмнување на 2-2.
Чави поврторно добро процени, па во игра го уфрли Холанѓанецот, Лук де Јонг, кој во втората минута од судиското дополнеие го постигна голот на победа на Барселона, за конечни 3-2.
-
Игор Трепески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->