Тешка кражба во Кисела вода - Алфите веднаш ги фатиле крадците
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција - Кисела Вода, Аеродром и Драчево, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ж.В. (24) и М.А. (22), двајцата од Скопје.
Пријавите се поднесени постоење основи на сомнение дека извршиле едно кривично дело „тешка кражба“ во обид, предвидено и казниво по член 236, а во врска со член 19 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Ж.В. и М.А. на 25 декември 2017 година околу 10.40 часот дошле до стан на ул. „Вера Јоциќ“. М.А. заѕвонил на влезната врата. Откако никој не им отворил, Ж.В. со употреба на погоден алат и физичка сила, преку прозорец на тоалет, влегол во станот. Во дневната соба ја забележал оштетената, по што веднаш избегал од истиот прозорец. Во моментот кога излегле од зградата, тие биле забележани од други лица кои се јавиле во полиција и почнале да одат по нив и да ги следат за да не избегаат.
Неколку улици подолу од местото каде го извршиле делото, Ж.В. и М.А. биле пресретнати од екипа на единицата Алфа и полициски службеници од полициската станица Кисела Вода, кои ги фатиле и ги лишиле од слобода. Со потврда за одземени предметите, од Ж.В. биле одземени предметите со кои го извршил кривичното дело, а врз основа на судска наредба, на 25 декември 2017 година бил извршен претрес во неговиот дом при што биле пронајдени и одземени едно пакување марихуана, како и фалсификувани чешки документи.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
