Тешка кражба во Ѓорче Петров
Од стан во Ѓорче Петров извршена е тешка кражба во вредност од 500.000 денари.
Утрово во 00.21 часот во полициска станица Ѓорче Петров, М.Т. (45) од Скопје пријавил дека на 28/29.02.2016 година во периодот од 15.00 до 00.15 часот во неговиот стан на ул. „Лихнида“ непознат сторител извршил тешка кражба.
Сторителот со погоден алат го отворил прозорецот на дневната соба, влегол, извршил пребарување и одзел ЛЕД-телевизор, два преносни компјутери, таблет, три машки рачни часовници и околу 10 машки парфеми.
Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 500.000 денари.
После тоа сторителот го напуштил местото на настанот. Извршен е увид.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Мисајловски во официјална посета на Словенија
-
3.142 казнети возачи викендов, 1.498 за брзо возење, 247 возеле без возачка, 111 под дејство на алкохол
-
Пронајдени угинати берберски овци во Зоолошка
-
Тешко повреден 18-годишен мотоциклист
-
Одземени 672 парчиња брендирана роба во дојранско
-
Путин ги испраќа Лавров и Ушаков на разговори со САД во Ријад
-
Умбер ја одбрани титулата во Марсеј
-
Тотенхем победи во дербито и ги продлабочи проблемите на Манчестер Јунајтед