Свет
20. November 2015 - 9:02

Терористот по нападот во Париз: Пиел алкохол, конзумирал канабис и славел за крвавите убиства

Главниот организатор на крвавиот масакр во Париз, Abdelhamid Abaud, кој сееше смрт и страв, е убиен во големата полициска акција на француската полиција која се спроведуваше во средата. Сега во светската јавност излегоа детали за тоа што правел тој заедно со останатите терористи кои сееја смрт по нападот во кој беа убиени 129, а ранети 350 лица.

Иако верата му забранува, најозогласениот Сириец пиел алкохол и конзумирал канабис за да прослави за крвавите убиства. Сето тоа се случувало пред зграда, каде монструмите се радувале за масакрот кој го згрози светот.

Оваа информација ја објавува Скај Њуз, по изјава на жена која тврди дека ги видела: - Ги видов пред зграда, убедена сум дека беше тој. Стоеја група од 10-на муслимански момчиња, го забележав по облеката и капата на глава, вели жена чиј идентитет не се открива. Останатите момчиња биле нормално облечени. 

Подоцна жената го видела на телевизија и сфатила дека се работи за терористот по кој трага цела Европа.

Инаку, нападите се случија минатиот петок, токму на петок 13-ти, а загинаа 129 лица, претежно млади девојчиња и момчиња, додека 350 беа повредени.