Терористот од Берлин минал преку Франција за Италија
Проверката на снимките од надзорните видео камери потврди дека извршителот на нападот на божиќниот панаѓур во Берлин, Анис Амри, од Германија заминал за Холандија, каде по тоа преку Франција отишол во Италија, јави дописникот на МИА од Париз.
При нападот што на 19 декември го изврши Тунижанецот Амри на панаѓурот во Берлин, загинаа 12 лица, а 50 беа повредени.
Провеките на видео надзорот утврдија дека 24-годишниот Тунижанец од Амстердам допатувал со автобус во Франција и купил билети на железничката станица во Лион.
Други снимки, емитувани од страна на италијанската полиција откриваат дека Амри, навистина бил во Милано на 23 декември во 00:58. Тој потоа цели два часа се движеле околу железничката станица, каде беше убиен од страна на италијанската полиција.
Иако истрагата напредува, патувањето на Амри, сепак останува мистерија. Многумина си го поставуваат прашањето, како тој можел да мине преку неколку граници, иако по него беше таспишана потерница. Отворено останува и прашањето како тој стигнал до Амстердам по напуштањето на Берлин.
Овој пропуст на истрагата го отвора прашањето и создаца загриженост околу ефективноста на контролите и порозните граници на Шенген зоната.
За радиото Франс Инфо, генералниот секретар на царинскиот синдикат на Франција, Винсент Томазо, изрази жалење поради укинувањето на работните места на контролните агенти на царината.
- Три илјади работни места во царината беа укината за 10 години, односно еден цариник на ден. Не е чудно што сега ги сносиме последиците од ова, изјави тој, тврдејќи дека вработените во царинската контрола се „на работ на колапс“.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни