Терористите планирале да ги извршат нападите во Брисел на прв ден Велигден
Терористичките напади што завчера се случија на две локации во Брисел и во кои загинаа најмалку 31 лице, а 300 се повреднеи, требало да се случат во понеделник на 28 март на прв ден католички Велигден, објави фламанската телевизија ВТМ.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, истражувачкиот новинар на ВТМ, Фарук Узѓунеш, открил дека терористите што го извршија грозоморниот чин во белгиската престолнина, морале порано да го остварат својот план поради апсењето на еден од нивните водачи Салах Абдеслам, кој беше уапсен во петокот во бриселската населба Форест.
- Прв ден Велигден е симболичен ден, христијански празник. Но, терористите морале да ги забрзаат своите планови поради апсењето на Салах Абдеслам, кој се надеваме дека сега во истрагата ќе открие повеќе детали, истакна новинарот Узѓунеш за ВТМ.
Дел од белгиските медиуми уште во саботата минатата недела, ден по апсењето на Абдеслам, пренесоа изјава на неговиот адвокат Свен Мари дека неговиот клиент „има злато вредни информации“ и дека „тој максимално соработува со истрагата“.
Овие информации се оденсуваа на делот за организаторањето на нападите во Париз лани во ноември, каде Салах Абдеслам директно учествуваше, но медиумите претпоставуваа дека тој ќе ја открие и целата терористичка мрежа, нивните ќелии и т.н. терористи-спијачи што се наоѓаат во Белгија.
Во овој поглед, се претпоставува дека кај браќата Калид и Ибрахим Ел Бакрауи, од кој едниот се разнесе со бомба на аеродромот „Завентем“, а другиот го стори истото на метро станицата Малбек, како и кај Наџим Лашмуи и уште двајца извршители на нападите што се уште се напознати за истрагата, се пројавил страв да не бдиат уапсени поради информации што на истрагата би и ги дал Абдеслам, па затоа предвреме ги извршиле нападите.
- Јас не сакам да завршам во затвор како Салах Абдеслам, гласи тестаментот на Ибрахим Ел Бакрауи, оставен на лап топ компјутер што безбедносните служби вчера го пронајдоа во бриселската населба Скарбек.
Покрај тестаментот на еден од бомбашите-самоубијци, во станот во Скарбек, што го користеле браќата Ел Бакрауи за подготовка на нападите, пронајдени се и 15 килограми експлозив, 150 литри ацетон за подготовка на т.н. домашен експлозив, како и шајки и шрафови, кои се додаваат на бомбите со цел да се предизвика поголем број жртви.
Ново на Сител
-
Мицкоски од Росоман: На 19 октомври ќе биде референдумско заокружување на бројот 9 и огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
-
Рама: Западен Балкан не е проблем што треба да се реши, туку решение што чека да се интегрира
-
Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион
-
На ГП „Блато“ за девет месеци историски рекордна бројка - над милион патници или 74 отсто повеќе од истиот период лани
-
Песков: Лансирањето на ракетите „Томахавк“ од Украина ќе бара вклучување на САД, што може да има лош крај
-
Трагедијата од Кочани ја зема својата 63-та жртва: Почина првоосомничениот полициски инспектор Владо Петров
-
Најголемиот саем за технологија во светот, Gitex Global, доаѓа во Југоисточна Европа, а домаќин ќе биде Белград!
-
Јужна и северна распродадени на пет часа пред Македонија - Казахстан, останати карти само за западната трибина