Терористите биле дрогирани - погледнете што оставиле во собата во која седеле

Напаѓачите во Париз биле издрогирани за време на нападите. Опрема за користење дроги, пластични шишиња и остатоци од пица е она што останало во нивната хотелска соба.
Осомничените во оваа соба престојувале ноќта пред нападите, а според фотографиите, најверојатно 26-годишниот Салех Абдеслам по кого е распишана меѓународна потерница, бил издрогиран вечерта кога беа извршени нападите во француската престолнина, јавуваат светските медиуми. Абдеслам преку интернет ги резервирал собите во хотелот за себе и за бомбашите користејќи го сопственото име. Тој барал две поголеми соби каде може да бидат сместени повеќе лица една недела, а платил со сопствената кредитна картичка.
Хотелот нема видео-надзор, а во собата биле најдени траги од ДНК. Полицијата исто така го запленила компјутерот од рецепцијата.
Ново на Сител
-

Анализа: Дали кампањата меѓу двата круга може да го промени мислењето кај гласачите?
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Карпош
-

Мицкоски и Филипче повикуваат на масовност во втор круг
-

Завршни пораки на кандидатите за градоначалници
-

На полноќ почнува изборниот молк, утре гласаат болните и изнемоштени лица и затвореници
-

Условна казна за вториот напаѓач на градоначалничката Арсовска
-

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
-

За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
