Терористички напад во грчка православна црква во Дамаск, најмалку 15 мртви
Најмалку 15 лица загинаа, а 25 се повредени во напад што се случи во црква во Дамаск, објавија сириските медиуми, повикувајќи се на Министерството за здравство.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека бомбаш самоубиец поврзан со терористичката група Исламска држава влегол во црквата „Свети Илија“ и отворил оган, а потоа го активирал својот експлозив.
Медицински извори изјавиле за ДПА дека во нападот загинале 15, а повредени се 25 лица.
Ова е првиот напад насочен кон христијаните во Дамаск од падот на долгогодишниот сириски претседател Башар ал Асад минатата година.
Министерот за информации на Сирија Хамза Мостафа, го осуди нападот, нарекувајќи го терористички.
„Овој кукавички чин е спротивен на граѓанските вредности што нè обединуваат. Нема да отстапиме од нашата посветеност на еднакво граѓанство. Исто така, го потврдуваме ветувањето на државата да вложи максимални напори за борба против криминалните организации и да го заштити општеството од сите напади што ја загрозуваат неговата безбедност“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.
Ново на Сител
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО