-->
-->
Терористичка закана го одложи мечот Белгија-Шпанија
-->
Пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Белгија и Шпанија, кој требаше да се одигра во вторник е откажан поради закана од терористички напади.
Информацијата дека мечот помеѓу првата репрезентација на ФИФА листата и актуелниот европски првак ја соопшти Фудбалскиот сојуз на Белгија.
„Во договор со надлежните тела и со шпанската репрезентација решивме да го откажеме натпреварот. Жалиме што овој пријателски меч е откажан и го разбираме разочарувањето на навивачите. Сепак состојбата е вонредна, бидејќи се спроведуваат акции за апсење на терористи и ние не сакавме ништо да ризикуваме. Сигурноста на играчите и навивачите сепак е најважна“, стои во соопштението од белгискиот сојуз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа
-
Дачиќ за вчерашните протести: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир
-
Сончево утро, нестабилно попладне
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје