Тереза Меј претрпе пораз во Домот на лордовите за законот за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј денеска претрпе пораз во горниот дом на Парламентот, Домот на лордовите, кој не го прифати нејзиниот Предлог-закон за Брегзит, со кој се предвидува Велика Британија по напуштање на ЕУ, да излезе и од европската Царинска унија.
Домот на лордовите со 348 гласови „за“ и 225 „против“, го прифати амандманот на Предлог-законот на Меј, со кој се бара од министрите до крајот на октомври да ги известат какви напори презеле за останување на земјата во Царинската унија.
Како што јави Би-Би-Си, членот на Домот на лордовите и поранешен еврокомесар, лорд Патен, кој го поддржа амандманот, оцени дека состојбата за Велика Британија ќе биде полоша, доколку „не продолжи со актуелните обврски“ во рамки на Царинската унија.
Британската Влада по гласањето соопшти дека е „разочарана“ од одлуката на лордовите, но дека нема да се откажа од нејзината „многу јасна“ посветеност за напуштање на Царинската унија.
Ново на Сител
-
Средба Славески - Рокас: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка
-
Џака нема дозвола од Баер Леверкузен за трансфер во Милан
-
Лалана ја заврши кариерата
-
Карлос Саинц ја повлече кандидатурата за претседател на ФИА
-
Тркалезна маса во МАНУ „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ: Перспективи за Северна Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан“
-
Фон дер Лајен ги повика унгарските власти да ја повлечат забраната за Парадата на гордоста
-
Руте: Целиот НАТО, вклучувајќи ги и САД, е посветен на борбата на Украина против Русија
-
САД ја продолжија вонредната состојба на Западен Балкан на уште една година