Тереза Меј предложи договор за граѓаните на ЕУ во Велика Британија
Британскиот премиер Тереза Меј им предложила во Брисел на останатите европски лидери договор за статусот на нивните граѓани во Велика Британија, кој таа го оцени како „фер“.
Меј посочи уште дека не сака никој да си заминува од Велика Британија поради излегувањето од ЕУ, ниту да се налага семејствата да мораат да бидат разделени.
Изложувајќи ги петте водечки принцип на својот „праведен и сериозен предлог“, на самитот во Брисел, Меј истакна дека сака да предложи сигурност за иднината на граѓаните на Унијата во Велика Британија.
Меј го претстави планот - за кој многумина во нејзината партија се надеваат дека преку него ќе биде намалена имиграцијата - и потоа си заминала од средбата. Останатите лидери, без неа, продолжиле да разговараат за прашањето за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Меј, исто така, најави дека на граѓаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија ќе им биде предложено од најмалку пет години, да можат - до определен, но засега неутврден датум - да аплицираат за нова категорија статус, со кој ќе им биде овозможено да бидат третирани како британски државјани, што се однесува до здравството, образованието, социјална помош и пензиите.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари