Тереза Меј: Лондон се подготвува и за неуспех на преговорите со ЕУ
Британската премиерка Тереза Меј денеска пред парламентот рече дека нејзината влада се подготвува и за можноста за неуспех на преговорите со ЕУ.
Меј говореше пред парламентот за првпат по говорот во Фиренца минатиот месец. Таа изјави дека владата е должна да се подготви за сите опции, но истакна дека се стреми да постигне преоден договор со ЕУ.
- Јас сум оптимистички расположена и амбициозна за тоа што можеме да го постигнеме, додаде премиерката.
Официјалните преговори ќе продолжат до ноември следната година, по што националните парламенти на ЕУ и британскиот парламент ќе имаат половина година да ги ратификувааат постигнатите договори, потсетуваат британските медиуми.
Велика Британија треба да го искористи своето време и ресурсите за да преговара за идните долгорочни односи по транзициониот период, изјави Мај.
Според британската премиерка, во преговорите за Брегзит има нова позитивна динамика. Меј, пред Претставничкиот дом, рече дека нејзиниот говор во Фиренца минатиот месец имал за цел да даде поттик за преговорите и ја исполнила оваа задача.
- Има напредок по прашањето за правата на европските граѓани во Велика Британија и правата на британските граѓани во ЕУ, рече Мај. Ова е едно од главните прашања во преговорите. Друго клучно прашање е колку Британија ќе плати за да ги исполни своите обврски кон ЕУ.
- Верувам дека можеме да докажеме дека лошите предвидувања се погрешни, и да постигнеме договор, кој ќе биде добар за двете страни, рече Мај.
Лондон ќе воспостави контрола над своите граници по транзициониот период за напуштање на ЕУ, рече премиерката. Во меѓувреме, луѓето ќе можат да ја посетат Велика Британија, да живеат и да работат таму, но ќе има систем за регистрација.
- Со цел да ги направиме потребните подготовки за воведување на новиот имиграциски систем, ќе мора да воспоставиме контрола над нашите граници, подвлече таа.
Британската влада ќе објави две „бели книги", во кои ќе го изложи планот за функционирање на трговските и царинските контроли по напуштањето на ЕУ, рече Меј.
Ново на Сител
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација
-
Министрите за интерпелациите: Уште еден обид на ДУИ за дестабилизација
-
Таравари: Нема лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе на детската клиника
-
Шуто Оризари „се дави“ во ѓубре, од Комунална хигиена велат редовно го собираме
-
Во Скопје и уште неколку поголеми градови во Македонија и денеска тешко се дише