Тереза Меј ги отфрла обвинувањата за „политиканство“ со одлуката за превремени избори
Британскиот премиер Тереза Меј ги отфрли денеска обвинувањата во домашната политичка јавност дека се определила за предвремени избори, непосредно пред да почнат преговорите за Брегзит, од политикански причини и како дел од една политичка игра.
- Верувајте ми, нема ништо друго освен зацврснувањето на британската позиција за преговорите со ЕУ, за Брегзит, изјави денеска Меј во разговор за радио Би-Би-Си.
Таа инсистира дека ниту еден политичар не оди на избори туку -така, порачувајќи им на британските гласачи дека на земјата во ова време и е потребно единство, а на владата и неа како премиер, силна позиција за преговорите околу раздружувањето на Британија од ЕУ.
Меј изјави дека во текот на предизборната кампања, нема да прифати телевизиски дебати, ниту со лидерот на опозициските лабуристи, Џереми Корбин, а ниту со другите политички противници.
Британија има низа прашања за кои е потребна дебата и расправа во политичката јавност, како иднината на јавното здравство, реформата на образованието или социјалните бенифиции и социјалната грижа, но Меј сега настојува како единствено прашање да го истакне Брегзит, во обид на гласачите да им се прикаже како единствен „Брегзит-кандидат“.
Нејзините политички противници, меѓутоа, ги отфрлаат ваквите уверувања на Меј, тврдејќи дека неочекуваното определување за избори „кога не им е време“ е донесено само за да ја искористи слабоста на опозицијата, а пред се, на лабуристите и за себе да обезбеди мандат што сега го нема.
Откако Конзервативната партија ја определи за нов лидер (и премиер) по оставката на Дејвид Камерон, дури и без да биде избрана во сопствената партија, Меј го одработува мандатот на својот претходник.
Лабуристите и социјалдемокраите ја обвинуваат Меј за политички игри и за опортунизам, но и двете партии објавија дека нивните пратеници, на попладневното гласање за предвремените избори, ќе го поддржат барањето тие да се одржат на 8 јуни.
Шкотската национална партија (СНП) најави дека нејзните 56 пратеници во британскиот Парламент ќе се воздржат од гласање.
Ново на Сител
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати
-
Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка - Митовски тврди: Се е по закон
-
Власта и опозицијата повторно се судрија за пензиите, кој доби, а кој загуби со линеарното покачување
-
Секоја 3-та фирма не издава фискални сметки, плаќањето со картичка ќе ја намали сивата економија
-
Музеите на Скопско Кале ќе бидат санирани и отворени за посетители до крајот на годината