Тепачката која го потресе Балканот доби епилог- позната причината зошто се тепале средношколките
Тепачката во Сплит, која ја потресе Хрватска и регионот, доби епилог.
Средношколките сепак не добија иста казна за крвавата тепачка. Едната на возраст од 16 години е казнета со укор, а на другата, не и е изречена никаква казна.
Ученичката од прва година во Економското училиште доби укор, додека ученичката од втора година во Средното сообраќајно училиште е ослободена од секаква казна, зашто инцидентот наводно се случил надвор од училиштето.
И во двете средни училишта се работи на нормализирање на тензиите меѓу учениците со цел да не се случуваат слични насилства. Двете средношколки од полицијата добија прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир.
На 31 јануари во Сплит девојките жестоко се тепаа, додека стотина нивни соученици навиваа и ги бодреа.
Причина за тепачката било момче.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право