Македонија
22. May 2025 - 14:34

Тепачка помеѓу 6 лица во Ѓорче Петров, употребувани тврди предмети и оштетени две возила

На 20.05.2025 во 15.21 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.О.(56), А.О.(33) и С.О.(24), сите од с.Студеничани, скопско, од една страна и  Д.П.(28), Д.П.(22) и Д.П.(19), сите од Скопје, од друга страна, при што биле употребени тврди предмети и биле оштетени едно товарно возило и едно патничко возило.

По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.